Арнон Грунберг

Арнон Грунберг е роден во Амстердам во 1971 година. Работи како издавач, новинар и писател, а живее во Њујорк. Првиот роман, Син понеделник го напишал во 2000 година и за него добил награда за најдобра дебитантска книга во Холандија. Оттогаш има напишано и објавено триесетина книги, меѓу кои како особено успешни се издвојуваат романите Азилант, Тирза, Нашиот вујко и Добри луѓе.