Ким Стенли Робинсон

Ким Стенли Робинсон (1952) е современ американски писател чијшто опус главно е посветен на научната фантастика. Пишува романи, раскази и есеи. Особено е познат по неговата трилогија што ги опфаќа романите Црвен Марс, Зелен Марс и Син Марс, објавувани во деведесеттите години на минатиот век. 

  За своите дела Робинсон е повеќекратен добитник на најзначајните признанија за научна фантастика, наградите „Хуго“, „Небула“, и „Локус“. Неговиот најнов роман е Министерство за иднина (2020).