Ана Тодоровска

Ана Мрак (Ана Тодоровска) е родена во Скопје, во 1993 година. Во 2017 година дипломира на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје, а во 2019 ја завршува Академијата за визуелни уметности при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“.

   Во 2012 година се приклучува кон студентската организација „Излез„ и станува дел од реакцијата на истоименото списание, учествувајќи на шестмесечната програма за креативно пишување „Креативна младинска акција“. Во 2023 година ја започнува неформалната студентка иницијатива „Отворен куфер“, издава свој весник, „Ноmo Studentus”, организира размени на книги, изложби, концерти и поетски читања, работилници и фестивали во рамки на факултетот, со цел афирмација на студентската уметност. Се приклучува и кон иницијативата за формирање Автономен културно-социјален центар, каде што учествува со организација на културни настани, издавање независен фанзин, организација на работилници и координација на настани. Во 2017 го основа здружението за независна култура „Коприва колектив“ кое е домаќин на повеќе домашни и странски изведувачи, објавува авторски текстови, организира настани за размена на книги и интервјуа, сè до 2020 година. Во 2022 година завршува едукација за Експресивна арт терапија во Белград, а потоа работи интердисциплинарно, комбинирајќи ги психологијата и уметностите во функција на личниот развој и самоистражувањето.

  Преку својот проект „МРАК“ од 2016 година до денес работи интердисциплинарно, истражувајќи го аналогниот и дигиталниот колаж, асемблажот, употребата на рециклирани материјали, редактираната поезија и границата меѓу вербалниот и невербалниот израз.