Ивана Хаџиевска

Ивана Хаџиевска (1995) е историчарка и независна истражувачка. Дипломирала историски науки на Филозофскиот факултет во Скопје во 2018 година. Магистрирала во областа на економската историја („Човечката состојба на индустриските работници во Вардарска Македонија 1918-1941”, 2021).

Рецентно, нејзиниот истражувачки интерес е во полето на филозофијата и на историјата, историјата на жените и политиките на сеќавање. Во изминатите десет години соработувала со многубројни домашни и интернационални истражувачки тимови и социјално-ангажирани колективи. Живее и работи во Битола.