Кара Дагет е истражувачка во полето на енергетската и еколошката политика низ призмата на интерсекцискиот феминизам како и на историјата на империјализмот. Од 2017 година, таа е членка на оделот за политички науки на Virginia Tech, каде што моментално работи како професорка. Од 2023 до 2026 година, Дагет е дел од истражувачкиот институт за одржливост на Универзитетот во Потсдам, додека пак денес, таа фигурира како истражувачка на Универзитетот во Хамбург посветена на темата „иднини на одржливоста“. Покрај нејзината научна и уредничка работа, таа е посветена поддржувачка на полето на социјалните и хуманистичките пристапи кон енергијата и надвор од универзитетите, преку своите настапи во поткасти, јавни говори, предавања и соработка со уметници и архитекти.
Кара Дагет е авторка на дваесетина научни статии објавени во научни списанија и зборници. Нејзината наградувана книга „Раѓањето на енергијата: фосилните горива, термодинамиката и политиката на работата“ е објавена во САД во 2019 година.