
Карен Јес, родена во 1985 година во Екернферде, студирала германистика, историја на уметност и музика во Фленсбург, Фрајбург и Берлин, каде посетувала и приватна школа за глума, по што завршила магистерски студии по книжевност. Во 2021 година таа првпат била поканета на театарскиот фестивал за нова драматика во Милхајм со нејзината драма „Букпинк“. Токму на истиот фестивал во 2023 година со „Мачката Елеонора“ ќе ја освои наградата за најдобра германскојазична драма. Карен Јес живее и работи во Дрезден.