Љубица Шопова

Љубица Шопова (1985) е родена во Скопје. Дипломирала и магистрирала на Економскиот факултет во родниот град. Пишува поезија и статии од областа на бихејвиоралната економија.

Во 2013 година успешно го брани својот магистерски труд на тема: „Ирационалните мотиви за време на економските циклуси и финансиските кризи (animal spirits наспроти рационални очекувања)“, што воедно претставува едно од пионерските дела од областа на бихејвиоралната економија на овие простори.

Во 2020 година ја објавува својата прва збирка поезија „Форми во создавање“ во издание на ПНВ Публикации. Нејзината втора поетска збирка „Надвор од единиците мерки“ е издадена од „Илика“ во февруари 2025 година.

Учествувала на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар каде нејзините песни се најдоа во потесен избор од десетте најдобри учесници. Настапила и на неколку поетски читања низ Македонија, меѓу кои: „Астални проекции“, „Бела ноќ“, „Поетска епизода“, „Добри  гости“ во Тетово , „Поетска ноќ во Велестово“, како и на „Скопски поетски фестивал“„Струшките вечери на поезијата“, книжевниот фестивал „Друга приказна“ и младинскиот фестивал РЕ-Култура.

Нејзината поезија е застапена во списанијата: „Современост“, „Книжевни елементи“, „Акт“, во неколку електорнски списанија, во арт-панорамата „Допир“, во панорамата на македонска поезија напишана од жени „Самодиви и во други периодики и списанија.

Нејзините стихови се преведени на англиски српски јазик.

Авторка е и на повеќе статии од областа на бихејвиоралната економија како и на неколку статии од областа на дигиталниот маркетинг и комуникологијата.

Живее и работи во Скопје.