
Стефан Алијевиќ (Гевгелија, 1991) завршил студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрите по Општа и компаративна книжевност и Англиски јазик и книжевност. Во 2022 година ја објавува својата прва книга раскази „Вечерен автобус“ за која во 2023 ја добива регионалната награда „Штефица Цвек“ за најдобра ангажирана феминистичка и квир книжевност.
Раскази од Стефан се објавени во повеќе книжевни списанија, антологии и книги во земјава, меѓу нив и антологијата на македонскиот кус-кус расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“ (2022) и „Скопски алманах“ (2025).
Алијевиќ е преведуван на хрватски, српски и на албански јазик. Избор од неговото творештво може да се прочита во регионалната антологија „Квир Балкан“ (2024), во издание на загрепскиот клуб „Букса“, а во рамките на фестивалот „Ревија на малите книжевности“ во Загреб. Неговата поезија по првпат е објавена на хрватски во регионалната антологија „Рушење на четирите ѕида“ (2024) во издание на Хрватското друштво на писатели.