Стефан Спасовски е роден на 2.12.2003 во Скопје.
Студира на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афимација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредувачкиот одбор на студентското списание „In Medias Res“. Добитник е на наградата „Антев часовник“ за ракописот „Ќумур смоквин млеч“, која ја доделува Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања како: „Поетска епизода“, „Отскочна даска“, „Клинци“ и на Скопскиот поетски фестивал. Негови есеи, критики и поезија се објавени на „Култура Бета“. „Репер“, „In medias res“, како и во публикацијата „Визуализација на современата македонска книжевност“ (2025).