Мачката Елеонора

Монодрамата „Мачката Елеонора“ претставува хибриден драмски текст кој се занимава со еден специфичен вид на идентитетска трансформација. Откако ќе реши дека таа е мачка, 40 годишната агентка за недвижнини почнува постепено да го одбива светот: таа веќе не оди на работа, ужива да лежи на парното и да го гребе дрвото за мачки, јаде конзервирана храна и носи специјално скроено крзно. Но, во монологот на Елеонора одекнуваат сѐ уште гласовите од минатото: зборовите на мајка ѝ, на нејзиниот шеф, но најпосле и на нејзиниот психијатар, експертот за идентитетски прашања, Гералд Вилдбрух. Токму во сеќавањата на разговорите со Вилдбрух, Елеонора предизвикува со прашања и ставови поврзани со дефинициите на идентитетот, научните категории во психологијата како и бесмисленоста во работата што долго ја извршувала. Преку силниот феминистички глас на Елеонора која решава да го отфрли светот за да го живее своето автентично јас, монодрамата претставува пледоаје за радикалната самоопределба отаде моралните и научните категории.

Едиција:

Attributes Value
Авторка

Карен Јес

Повез

Мек

Година на издавање

2025

Број на страници

90