Изворите на тоталитаризмот

Изворите на тоталитаризмот e eдна од клучните студии од областа на политичката филозофија на 20 век. Трите главни теми на кои се фокусира авторката се основите, историскиот развој и социјално-политичките последици на империјализмот, на антисемитизмот и на тоталитаризмот. На овој начин се создава широка историска панорама во која се посочуваат клучните и универзални точки што влијаеле врз зачнувањето и развивањето на современите облици на општествена репресија.

Оттука, книгата е исклучително важна поради нејзината универзална релевантност за дефинирањето, анализирањето и разобличувањето на феноменот на тоталитаризмот, чиишто облици се присутни и во современото оштество во кое живееме денес.

Едиција:

Attributes Value
Авторка

Хана Арент

Повез

Мек

Година на издавање

2025

Број на страници

634