👤 Книжевен кружок за „Скриениот човек“ од Платонов
20 април | Илика | 18:00
Овој месец ќе ја читаме и ќе зборуваме за последната книга која излезе во издание на „Илика“ и со тоа ја отпочнавме едицијата Класици. Тоа е збирката новели „Скриениот човек“ од Андреј Платонов во која се застапени: „Скриениот човек“, „Враќање“ и „Реката Потудањ“.
🤍 Ќе се задржиме на важните слоеви на размислување за човекот и општествените односи во делото на Андреј Платонов. Новелите на Платонов се опишуваат како револуционерни, гротескни и необични, претставувајќи пример за врвна проза која ја прикажува сложената реалност на советското општество. Модератор на средбата ќе биде уредникот на изданието Ведран Диздаревиќ.
💌 За пријава, испратете ни порака на нашите социјални мрежи или на нашата мејл адреса.

Оставете коментар