Драги наши,
ве повикуваме да ни се придружите на саемската дружба што ќе ја организираме кон крајот на оваа недела. Во два наврати, на нашиот штанд, ќе дојдат македонските автори чии книги се објавени во Илика! Ќе си муабетиме, ќе се напиеме нешто и ќе се засладиме со колачиња, ќе си раскажеме што сè сме откриле на годинешниот Саем на книга и ќе направиме пауза од истражување на новите изданија ❤
✨В петок (24.4), од 18:00 часот, на штандот на Илика се дружиме со Стефан Алијевиќ, Љубица Шопова и Стефан Спасовски.
✨В недела (26.4), од 12:00 часот, на нашиот штанд ќе дојдат Ана Тодоровска, Ивана Хаџиевска, Исток Улчар и Александра Спасеска.
Потоа, во 14:00 часот сите продолжуваме во промотивниот центар каде ќе позборуваме за нашата поетска едиција заедно со дел од објавените автори, ве очекуваме!

Оставете коментар