Наназад

Наназад е втора авторска книга на Алиевиќ, во која тој подлабоко ги истражува релациите помеѓу личното и колективното сеќавање, меморијата и носталгијата, и дава свој книжевен одговор на дел од најгорливите проблематики на денешнината.

Прозата на Алиевиќ се поигрува со границите на автофиктивното и фиктивното писмо. Се движи низ состојбите на сонот и реалноста, сеќавањето и заборавот, интимното и политичкото. Авторот неретко користи случки и настани од личниот живот и ги фикционализира, користејќи автофиктивни и фиктивни постапки. Неговите раскази се повеќеслојни, хибридни – и во жанровска и во значенска смисла, и можат да се разгледуваат низ повеќе призми, меѓу нив и ангажираните квир, еколошки и феминистички перспективи, но во ниту една не можеме да кажеме дека овој автор целосно припаѓа.

Румена Бужаровска
Расказите на Алијевиќ се чувствени, топли, миризливи, полни со вкусови од детството. Во овој прустовски ракопис ќе се осетите како да сте се нурнале со сите сетила во светот на авторот. Сепак, иако навидум нежен и чувствен, во опипливиот свет што го слика Алиевиќ суптилно демнат сите зла, несовршености и болки на човекот како општествено битие.

Петар Андоновски
Кај Алиевиќ ништо не е под тепих, сè е на површина и сè е видливо. Расказите од „Наназад“ се рибина коска во грлото на општеството. 

Едиција:

Attributes Value
Автор

Стефан Алијевиќ

Повез

Мек

Година на издавање

2025

Број на страници

80