Девојчински спомени
Девојчински спомени од Ани Ерно е уште едно навраќање на авторката кон лавиринтите на своето минато. Овој пат таа оди педесет години наназад, во летото 1958 г., кога имала само осумнаесет години. Во центарот на оваа книга се наоѓа еден трауматичен настан, чие значење авторката се обидува да го открие многу години подоцна. Но, за да ја сфати таа девојка, која на некој начин е поврзана со сегашната Ани Ерно (онаа што пишува), потребно е многу повеќе од личните сеќавања и зачуваните дневници и писма – потребна е историјата.
Како и во останатите дела на добитничката на Нобеловата награда за литература за 2022 година, така и во оваа книга се среќаваме со низа интересни фикционални и нефикционални постапки: вметнување зачувани дневнички записи и писма, наизменичната употреба на првото и третото раскажувачко лице, повикување на историскиот и политичкиот контекст напомош и бескомпромисното и сурово лупење на слоевите на сопствениот идентитет.
Девојчински спомени допира многу теми, вклучувајќи ги класата, сексуалноста, родовиот идентитет, срамот и функцијата на литературата во XXI век. Но, оваа книга најмногу зборува за силниот интензитет и посветеноста на авторката, која и по дваесет книги, забележува дека нејзините „претходни книги само приближно ги кажуваат работите”, потенцирајќи ни дека е сè уште далеку од залезот на својата писателска кариера.
„Девојчински спомени е прекрасна контемплација за страста, сеќавањето, срамот, времето и идентитетот.”
Book Riot
Едиција:
| Attributes | Value |
|---|---|
| Авторка |
Ани Ерно |
| Година на издавање |
2024 |
| Повез |
Мек |
| Број на страници |
150 |




