Еуфорија
„Еуфорија“ е прониклив и драматичен приказ на последната година од животот на поетесата Силвија Плат пред нејзиното самоубиство во 1963 година.
Надминувајќи ги амбициите да биде историски роман со биографска подлога, ова е книга за една разорна љубов, за мајчинството, за неверството, за справувањето со сопствените демони и за еуфоричната мистичност на креативниот чин во кој се раѓа поезијата.
„Роман за збунувачката емоционална заднина на женското искуство — вклучувајќи ги раѓањето деца, страста, зависта, бесот, несигурноста, амбицијата.“
Times Literary Supplement
Едиција:
| Attributes | Value |
|---|---|
| Авторка |
Елин Кулхед |
| Повез |
Мек |
| Година на издавање |
2024 |
| Број на страници |
382 |




