Годините
Покривајќи го периодот од крајот на Втората светска војна, па сé до почетоците на XXI век, „Годините“ претставува уште едно нурнување на Ани Ерно во сликите на сопствените сеќавања и повторен обид да се прикаже врската помеѓу два речиси еднакво недофатливи ентитети: субјективното „јас“ кое живее и пишува и објективното „таа“, врз коешто историјата го втиснува својот груб печат.
Со оваа книга француската нобеловка востановува еден нов вид на автобиографско пишување- жанр што американскиот писател Едмунд Вајд парадоксално го нарекува „колективна автобиографија“. Истовремено, субјективна и имперсонална, приватна и колективна, во ова дело Ерно си задава една нескромна задача – безмалку да ги прикаже животот и времињата на една генерација.
„Годините е бестрашно искрена книга, еден вид Во потрага по загубеното време на Пруст преосмислена за нашето време на доминација на медиумите и на консумеризам, за нашиот период на фетишизам на апсолутното удопство.”
The New York Times
„Процесот на читање на Годините e сличен на отворање ковчег со богатство… Ерно го трансформира својот живот во историја, а своите спомени во колективна меморија на една генерација.”
Los Angeles
Review of Books
Едиција:
| Attributes | Value |
|---|---|
| Авторка |
Ани Ерно |
| Повез |
Мек |
| Година на издавање |
2025 |
| Број на страници |
80 |




