Пишувачки игри

Во понеделник, на 10 август, повторно ќе се дружиме во дворчето на нашата кафе-книжарница и ќе измислуваме приказни заедно со Ана.

Може ли да измислиме приказна само со неколку зборови? Како да ја разбудиме креативноста кога немаме инспирација? Како да ги видиме нештата од поинаков агол? Во јуни и јули си поминавме супер, па едвај чекаме да видиме какви приказни ќе измислиме и овој месец!

Работилницата трае два часа, од 19 до 21 часот. Не е потребно никакво предзнаење, само желба да се учествува. Пријавете се со кратка порака на ilika.publishing.shop@gmail.com

Котизација: 300 денари

Оставете коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена.