Работилница за автофикција со германската авторка Лена Шете
11-14 часот, Лабораториум
Пријавување на мејл: ilika.publishing.shop@gmail.com
Со особена радост најавуваме дека на 13 септември од 11 до 14 часот во „Лабораториум“, под водство на авторката Лена Шете ќе се одржи и работилница за автофикција. Покрај тоа што Шете завршила „Книжевно пишување“ на Германскиот институт за литература во Лајпциг, таа е и долгогодишна менторка на работилници за креативно пишување, често истражувајќи ги потенцијалите на автофикцијата. Работилницата ќе се одвива на англиски јазик, а за учество не се потребни никакви предзнаења. Добредојдени се учесници од сите возрасти. Бројот на учесници е ограничен и учтиво ве замолуваме да го пријавите вашето присуство на ilika.publishing.shop@gmail.com.

Оставете коментар