👓Среде скопската бетонска обездрвена жега здогледав остров. Место питомо и пристапно, со разговор и добра мисла во центарот, а наоколу љубопитни луѓе, желни и смели преку книжевни приказни да откријат што има од другата страна на градската шир.
📖Ве покануваме на попладневна работилница за споделено читање каде заедно ќе читаме едно избрано книжевно дело во опуштена, спокојна атмосфера. Во текот на 1 час ќе читаме и разговараме со намера да се дружиме, да размениме светогледишта, да размислиме и да се предомислиме.
Работилницата ќе ја води Магда Ориѓанска, преведувачка и библиотекарка. Не е потребно никакво предзнаење за учество во работилницата.
Работилницата ќе трае околу 1 час, а бројот на учесници е ограничен на 10. (first come, first served) Пријавете се со кратка порака на ilika.publishing.shop@gmail.com
Котизација: 300 денари

Оставете коментар