Ииии, подгответе се и за последниот од серијата настани во Охрид – езерски книжевни вечери, на 15 август, од 20 часот, во Лапидарум:
1. Претставување на графичките романи од едицијата „Планета НАДЕЖ“:
– „Вечната мува“ на Георги Господинов и Никола Тороманов, превод од бугарски на Душко Крстевски
– „Адна“ на Самира Кентриќ, превод од словенечки на Дарко Спасов
2. Промоција на книгата „Друго е на сонце!“ – прекрасна комбинација од слатко-горчливи песни на Бојана Низамовска и колоритни илустрации на Руки Чуки што нѐ скокоткаат со нежни хумор и носталгија. По кого копнееме кога шетаме по жешкиот асфалт или лежиме на врелиот песок? Какви спомени ни буди ова долго, топло лето? Во Лапидариум ќе зборуваме со авторката Бојана Низамовска за заборавените места, копнежливите погледи и насмевки, и за смешните ликови и иронијата кои се преплетуваат оваа оригинална збирка поезија.
Вечерта ќе ни доаѓаат и June (Џун): скопскиот инди-поп состав кој повеќе од една деценија ја збогатува македонската сцена со свеж акустичен звук и прекрасен мелос. Подгответе се за вечер исполнета со искрена музика, позитивни вибрации и одлични мелодии!
Настанот ќе се одржи во музејско-културниот центар Лапидариум, двориште на Куќата на Робевци, Охрид.
🇪🇺
Проектот „Планета Надеж (Нова европска проза)“ е кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
#planethope#планетанадеж#cofundedbytheeuropenaunion#creativeeurope4books

Оставете коментар