Драги пријатели и пријателки, на 3 јули во 19:00 часот организираме книжевна вечер посветена на дистопиите во книжевноста, со особен акцент на нивната појава во современиот македонски расказ.
Човекот отсекогаш се обидувал да замисли како ќе изгледа иднината. Дистопијата како книжевен жанр на ХХ и на ХХI век ги одразува стравувањата и загриженоста за можните последици од технолошките, социјалните и политичките промени во општеството. Во центарот на дистописките дела се наоѓа визија за една мрачна, често авторитативна или технократска иднина, во која загрозеноста на човековите права и слободи, различностите, губењето на моралните вредности, дехуманизацијата, уништувањето на природата и/или засилувањето на контролата врз поединецот водат кон масовно претворање на луѓето во бледи човечки копии.
Настанот ќе го води Наташа Атанасова, која за дистопиите ќе разговара со македонските автори Стефан Алијевиќ и Магдалена Николовска, кои во своите последни збирки „Наназад“ („Илика“, 2025) и „Крупни ѕверки“ („Сигмапрес“, 2025,@sigmapressk) имаат дистопии. Разговорот ќе се осврне на мотивите за пишување на нивните дистописки раскази („Наназад“ на Алијевиќ и „Колонија“ на Николовска), предупредувачката улога на овие раскази во македонскиот контекст и на најважното прашање: дали има реални изгледи за еволуција на човечкиот род во насока на создавање подобро и поегалитарно општество?

Оставете коментар