Книжевна вечер со Ивана и Стефан

Драги Охриѓани, повторно ви доаѓаме на гости! 💙

📚Повелете на 10.7. (петок) во 20 часот во прекрасниот @kultkulturencentar да разговараме со авторите Стефан Алијевиќ и Ивана Хаџиевска. Есеите на Хаџиевска насловени „Суспендирана итност – есеи од крајот на времето“ и збирката раскази на Алијевиќ со наслов „Наназад“ беа објавени во 2025 година и разбудија голем интерес кај читателската публика, особено кај љубителите на современата проза и теорија. Дојдете да го слушнете разговорот помеѓу авторите и уредничката Катерина Шекутковска низ кој ќе ви откриеме повеќе за овие две возбудливи и значајни книги. Придружете ни се и за да ги споделите со нас вашите впечатоци од тоа што сте го прочитале, да поставите прашања или едноставно, за да се дружиме! 🍸

📚Покрај книгите на Алијевиќ и Хаџиевска ќе донесеме и дел од останатите наши изданија кои ќе имате можност да ги разгледате и набавите пред и по настанот, а подоцна и во Култ.

Со нетрпение чекаме да ви дојдеме на езеро!🌊

Оставете коментар

Вашата е-пошта нема да биде објавена.