И овој месец ќе се дружиме со Ана Тодоровска и нејзините пишувачки игри! Придружете ни се на 13 јули во 19 часот во дворчето на нашата книжарница.
Ти треба екстра рака да го почешаш мозокот? На овие средби сите букви стрчат, а сепак наоѓаат смисла. Речениците се распаѓаат за одново да се сретнат во некој паралелен универзум каде сè е случајно. Сликаме со зборови и жонглираме со пенкала под дејство на ладно еспресо, лимонада или пиво.
Дојди ако сакаш да си играш со зборови или ти треба раздвижување на имагинацијата. Претходно искуство не е потребно.
✏️Пријави се со испраќање на кратка порака на ilika.publishing.shop@gmail.com
Котизација: 300 денари

Оставете коментар