Овој месец зборуваме за една фантастична книга! 😍
🗓 На 15 јули (среда) во 19 часот ќе се сретнеме во книжарница за да зборуваме за одличното ново издание на едицијата Вагина дентата на @tiiiit.inc – „Избришаното уживање“од Катрин Малабу.
📚Во „Избришаното уживање“, Малабу нѐ потсетува за долгогодишниот заборав на клиторисот, отсутен од книгите за анатомија, од сликите, од скулптурите. Малабу вели дека клиторисот – чија функција е единствено во служба на задоволувањето и уживањето, постана органот на избришаното уживање.
🤔 Зошто е ова вака? Дали перцепцијата се менува? Дали денес поотворено зборуваме за уживањето, па и за органот кој е директно врзан за него или тој сѐ уште останува таинствено место на женскоста?
Пишете ни кратка порака тука или по мејл дека ќе дојдете. 💓 Се гледаме!

Оставете коментар